02 Apr, 2018

Тартар бифтек

Ресторан Два Елена

Тартар бифтек

Тартар бифтек 170 г.

Ако сте во потрага по идеално уживање и бегство од градската врева, ресторанот Два Елена е местото кое ви го нуди тоа задоволство. Два Елена е ресторан кој се одликува со топол и пријатен амбиент, збогатен со вкусната интернационална храна и професионална услуга.

Денот беше топол и пријатен, па решивме да го посеиме ресторанот Два Елена и да пробаме нешто од нивните специјалитети. Бидејќи времето беше пријатно, седнавме во градината на ресторанот. Исклучително пријатно и спокојно место, одалечено од градскиот метеж и врева, надополнето со пријатна музика и убав амбиент.

За оваа прилика одбравме да пробаме Тартар бифтек по рецептот на главниот шеф во Два Елена. Порцијата содржи бифтек зреен од 12 до 15 дена, во комбинација со песто сос. Сам по себе, визуелниот впечаток веднаш ви отвора апетит. Покрај пестото, во смесата се додадени и сенф, ситно сецкани кисели краставички, карамелизиран кромид и малку коњак.

Вкусот беше примарно соленкаст, со тоа што карамелизираниот кромид даваше една слатка нота. Месото меко и сочно, во комбинација со овие додатоци претставува спој на повеќе вкусови кои совршено се вклопуваат и формираат едно цело. Во прилог со Тартар бифтекот, ни послужија и лепче кое го подготвува ресторанот. Печеното лепче со малку кајмак на површината во комбинација со Тартар бифтекот е неодоливо вкусен. Несекојдневен, а воедно и еден од најздравите оброци кои содржат месо.

 

Енергетски у нутритивни вредности на 100 г. месо:

- Енергетска вредност 154 кцал
- Масти 7,26 г.
- Заситени масти 2,60 г.
- Јаглехидрати 0,00 г.
- Белковини 20,70 г.
- Влакна 0,00 г.
- Витамин Е 0,14 мг.
- Витамин Б6 0,43 мг.
- Магнезиум 22,00 мг.
- Железо 2,56 мг.